Немојте да ги фрлате старите работи, од нив можете да направите симпатични украси.
Старите гумени чизми или пластични папучи, чајниците кои не ги користите, автомобилските гуми… сето тоа може да биде фантастичен украс за градината.
Искинатите папучи можете да ги искористите како интересен држач за саксии од кои неуредно ќе паѓа цвеќето. Чизмите се особено атрактивен украс во кои едноставно може да се смести мала сакасија. Доколку се црни или зелени офарбајте ги во весели бои и ќе добиете необичен држач за цвеќе.
Чајниците можат да бидат совршени саксии, особено доколку се исфрлени од употреба поради пробушено дно. Ваквите саксии му да даваат рустикален изглед на дворот или балконот.
И камењата кои им создаваат мака на љубителите на зелениот тревник можат да послужат како единствена декорација. Малку фарба и многу идеи можат да направат чудо, бидејќи обоениот камен може да добие изглед на бубамара или јагода.
За време на украсувањето на дворот со стари предмети треба само да водите сметка да користите исти стил: Ретро или супермодерен. Бидејќи кога се градините во прашање, правилото е дека нема правила.
Ако сакате неколку идеи за украсување на градините, пролистајтеги страните во продолжение.