Создаден најмалиот електричен мотор

моторМоменталниот носител на рекордот за „најмал мотор во светот“ е составен од неколку молекули и е широк само 200 нанометри; тоа е навистина ситно со оглед на тоа што просечното човечко влакно е дебело околу 60.000 нанометри. Но сега тим од хемиски инженери од Тафтс Универзитетот развиле електричен мотор од само еден молекул кој е широк само еден нанометар.

Дијаграмот би требало да ви помогне да визуелизирате како функционира. Моторот бил поставен на парче бакар (портокалово во дијаграмот) со помош на атом од сулфур (жолта боја). За атомот од сулфур се сврзани јаглеродни и водородни атоми (обележани со сива и бела боја) кои излегуваат во спротивни насоки од атомот од сулфур како раце со различна должина. Молекуларното име за моторот е бутил метил сулфид.

Научниците, предводени од хемичарот Е. Чарлс Х. Сајкс, употребиле микроскоп кој користи електрони наместо светлина за да ги скенира предметите на атомско ниво за да му дадат напон на моторот во форма на електрони; кога струјата минува низ бутил метил силфатот во бакарната плоча, моторот ја конвертира електричната енергија во ротациона енергија, со што јаглеродната и водородната рака почнуваат да ротираат околу вертикалната сулфур-бакар врска.

Според статијата на истражувачите сегашниот дизајн на молекулот бара неверојатно ниски температури за да може да функционира (околу 267 степени целзиусови под нулата) и научниците да можат да ги контролираат, следат и анализараат неговите движења. Но Сајкс вели дека нивниот нов мотор претставува чекор во правилна насока кон создавањето на поуспешни нано мотори, и е предвесник на напредоци во се од медицина до комуникациски технологии.

„Штом имаме подобро разбирање за температурните побарувања за овие мотори да функционираат, би можело да дојде и до вистински апликации во некои направи за детекција и во медицински направи кои имаат тенки цевчиња. Триењето на течноста со ѕидовите на цевката на овие размери се зголемува, покривањето на ѕидот со минијатурни мотори би помогнало во протокот на течноста.“ [World’s tiniest electric motor is one billionth of a meter long]

- Реклама -