Создадена ДНК неврална мрежа која размислува

невронИстражувачи од Калифорнискиот Институт за Технологија велат дека ја создале, според нив, првата вештачка неврална мрежа од молекули на ДНК, и дека истата може да одговора точно на поставени прашања.

Лулу Кијан и колегите опишуваат „како молекуларниот систем покажува автономно однесување слично на мозок“ во написот за нивното истражување објавен на 21 јули. Поттикнати од ограничената интелегенција демонстрирана од едноклеточни организми, истражувачите изградиле четири неврони составени од 112 посебни низи на ДНК (колку за споредба, човечкиот мозок има некаде околу 100 милијарди неврони). Оваа основна неврална мрежа работи на едноставен механизам за внесување и добивање на информации наречен каскада на изместување на нишки.

Во основа, синтетизирани нишки ДНК лебдат наоколу во вода и се спојуваат со други нишки кои имаат соодветна структура на основни парови, создавајќи внес на информации. При таквиот спој, нишка ДНК ќе биде ослободена, резултирајќи во излез на информации. Техниката претходно била употребена за создавање на најголемото ДНК коло кое може да пресметува квадратни корени, според научниците од Калтек. Во најновото истражување, тимот ја истренирал создадената мрежа да игра мемориски игри во кои би вршела точна „идентификација“ на четири научници врз основа на прашања кои се одговараат со да или не.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Играчите поставувале нишки ДНК кои претставувале нецелосна колекција одговори во епрувета. Мрежата потоа ги дава одговорите – притоа идентификувајќи ги научниците – преку флуоресцентни сигнали. Кога имало 27 различни можни одговори на прашањата, ДНК „мозокот“ секој пат одговарал точно. Од Калтек велат дека оваа техника за препознавање шаблони покажува дека ДНК мрежата има основна способност за размислување, но е многу бавна; за идентификување на научниците во играта биле потребни осум часа, и ДНК нишките можеле да бидат употребени само еднаш.

Сепак, ДНК неврални мрежи би можеле да имаат моќни апликации во иднината, како на пример работа во клетките за дијагноза на болести. „Нашите резултатите наведуваат кон тоа дека каскадата на изместување на нишки би можела да биде употребена за да им овозможи на автономни хемиски системи да препознаваат шаблони на молекуларни настани, да носат одлуки и да реагираат на околината.“ [Researchers build DNA neural network that thinks]

- Реклама -