Создадоа портрет на Стив Џобс од 6 000 компјутерски копчиња

Низ годините имаше доста необични уметнички портрети на Стив Џобс. Неодамна компанијата Ripley’s Entertainment, презентираше голем  портрет на основачот на Apple направен од 6 000 компјутерски копчиња.

Сликата е дело на Даг Пауел кој живее во Орландо, Флорида. Творецот   е познат по тоа што прави портрети од парчиња од мозаик. Тој  продавал и други свои дела на Ripley’s, меѓу кои портрети на Франкенштајн и Џон Ленон.

Сликата на Стив Џобс сепак е неговиот најамбициозен проект до моментов,  вели и  самиот Пауел на Facebook. Ова се должи на фактот што освен што  создал уметничко дело со димензии 2 на 1,5 метри, тој ги користел копчињата, „криејќи“  во портрет голем број цитати на Стив Џобс и имиња на некои од најдобрите производи на Apple .

jost1

 

Сликата на Џобс во моментов е изложена во седиштето на Ripley’s во Орландо, а потоа ќе биде изложувана на  различни атракции на компанијата во светот.

- Реклама -