Шпанија нов светски шампион во ракомет

Шпанија е прва светска сила во ракомет. Вечерва, на 23. Светско првенство, на домашен терен шпанските ракометари ја декласираа Данска со убедлива победа – 35:19.

Шпанија по вторпат ја освојува шампионската титула на светско ниво по 2005 година во Тунис.

Данска, пак, по третпат стигнува до финале, но без победа. Пред две години во Шведска  Данците не успаеја да го освојат шампионатот, како и во 1967 година, исто така, во Шведска.

 

- Реклама -