Спасете го мобилниот телефон кога ќе ви падне во вода

Следи периодот на летни одмори, па и ризикот вашиот телефон да падне во вода е поголем. Сепак доколку вашиот телефон падне во вода, постојат шанси истиот да биде спасен.

Потребно е да ги направите следните чекори за да го спасите вашиот телефон:

1. Најпрво треба да го извадите вашиот телефон од водата и да го истресете колку што е можно повеќе

1

2. Извадете ја батеријата и сим картичката и избришете го телефонот со хартиено марамче што ќе ја упие водата од вашиот телефон

2

3. Извадете ги сите додадоци (како обвивка, слушалки…) од вашиот телефон се со цел да може што побрзо да се исцеди водата

3

4.Користете правосмукалка за да ги усисата малите капки влажност кои што не се достапни со хартиеното марамче. Не користете фен (ни со ладен воздух), будејќи истиот може да предизвика влажноста да се пренесе во внатрешноста на електричното коло

4

5. Ставете го вашиот телефон во ориз и оставете го да стои 24 часа. Оризот ќе ја впие влажноста од вашиот телефон. Би било добро да се вади влажниот ориз и телефонот постојано да биде опкружен со сув ориз

550px-save-a-wet-cell-phone-step-1530x290_070713_144225

6. Пробајте го вашиот телефон, се надеваме дека истиот ќе работи

6

Најдобра опција за заштита на вашите телефони се водоотпорните додатоци за вашиот телефон.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -