Спасовски: Граѓаните ја препознаваат и се приклучуваат на визијата на СДСМ за вложување во сите сегменти што значат подобар живот

„Концептот на СДСМ за вложување во сите сегменти што значат подобар живот на граѓаните е препознат од сѐ повеќе граѓани кои се приклучуваат на СДСМ, на оваа наша визија што ја имаме, како треба заедно да ја градиме Република Северна Македонија“, истакна потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, на граѓанската трибина на СДСМ под слоганот „Најдоброто за нашата општина“, во Гостивар.

Владата вложува во сите општини затоа што развојот на општините и рамномерниот регионален развој се врвен приоритет, рече Спасовски.

„Кога зборуваме за вложувања, мораме да кажеме дека Владата целосно опреми две градинки, а преку Светска банка обезбедивме средства и чекаме одобрение за градба на нова градинка во Гостивар која што ќе може да прими околу 90 деца“, истакна тој.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Тоа, како што рече Спасовски, е конкретен влог на централната власт, која вложува и во здравството и во сите други сегменти што значат подобар живот за граѓаните.

„Направивме многу во делот на борбата против криминалот и корупцијата, правиме сѐ за да ја задоволиме правдата, тоа што најмногу го посакуваат граѓаните. Ги зголемивме платите и пензиите и сега повеќе се ценат работниците и земјоделците. Градевме како никогаш досега во здравството, вложувавме во социјалата. Така ќе продолжиме и понатаму, затоа што имаме не само визија, туку и луѓе, концепт, проекти и програма со кои сите наши очекувања ќе ги претвориме во реалност“, порача потпретседателот на СДСМ.

- Реклама -