Спасовски: Во ЕУ ќе влеземе како и во НАТО – со македонски јазик и македонски идентитет

„Денес ние го живееме сонот на нашите претци, членка сме на НАТО, каде влеговме со македонски идентитет и македонски јазик. Да знаете дека сега сме мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат. Како Влада преземаме одговорност дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа нема отстапување“, изјави потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.

Според Спасовски, една од двете реализирани суштински цели во интерес на граѓаните покрај членството во НАТО, од страна на СДСМ, е концептот „едно општество за сите“. Вториот значаен дел, додаде тој, е реализација на стратешката цел Македонија, освен самостоја, суверена и независна држава и  членка на НАТО, да стане членка и на ЕУ.

Прочитајте и:  Филипче по средбата со Сиљановска Давкова: Искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса

„Го рализиравме она што е најсуштинско за државата – создадовме едно општество за сите. Овој концепт не се однесува кој на која вера и нација припаѓа, туку зборуваме за подеднаков пристап на сите граѓани до институциите – и оние кои живеат на село и оние во град, и оние кои имаат високо образование и оние кои немаат доволно образование, и лицата со посебни потреби, уметници, спортисти, научници итн. Тоа сега е концепт на живеење“, рече потпретседателот на СДСМ.

„Без разлика каде живее – град или село, мора да созадаме услови за еднакви услови за живот секогаш и секаде. СДСМ разговара и дава отчет во периодот додека е власт и што да се прави во иднина. Затоа мораме да разовараме со граѓаните и да ги слушаме нивните зборови“, додаде Спасовски.

- Реклама -