Според анкетата на „АКСИОС“ ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

Две анкети беа објавени денеска во пресрет на локалните избори на 17 октомври. Според едната водство има владејачката партија СДСМ, а според другата – опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку утре се одржат локални избори, поголем процент од граѓаните би гласале за СДСМ, покажа истражувањето на агенцијата „Стратум РиД“, според кое за  СДСМ би гласале 26.1%, а за ВМРО-ДПМНЕ – 23.8%.

Но, со анкета денеска излезе и Институтот „АКСИОС“, чии резултати покажуваат зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето „За чиј кандидат ќе гласате на следните локални избори 2021?“, според анкетата на „АКСИОС“, за СДСМ и коалицијата се изјасниле 22.7 проценти, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се изјасниле 28.2 проценти, за ДУИ – 6 проценти, за Коалиција ААА – 6.4 отсто, за „Останати партии/ коалиции“ се изјасниле 5.,5 отсто, за „Ниту еден“ се определиле 13.1 отсто, а „Не знам – немам одговор“ избрале 18.1 отсто од анкетираните.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Во однос на расположението за Град Скопје, кое е испитано на примерок од 824 испитаници, за Петре Шилегов – СДСМ се определиле 13.2 проценти, за Данела Арсовска – независен кандидат 18.9 проценти, за Перо Георгиевски – Левица 5.4 проценти, за Арбен Шаќири – ДОМ и ЛДП 4.8 отсто, за Ана Петровска – независен кандидат 4.3 проценти, за „Друг“ се изјасниле 9.7 отсто, за „Ниту еден“ 19.2 проценти, а 24.5 проценти избрале „Не знам – немам одговор“.

Анкетата, како што се наведува во соопштението, е спроведена во период од 2 до 6 октомври во секоја општина/Град Скопје во Република Северна Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Спроведена е на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“, а направена е на примерок од 1345 испитаници на територија на земјава. Статистичкта грешка на анкетата е околу 2 отсто.

- Реклама -