Според толкувањата од Нострадамус, Украина е почеток на третата светска војна

Најпознатите пророци прекриено предупредуваат дека  кризата во Украина може да прерасне во трета светска војна, тврдат експертите.

Имено, американскиот јасновидец Т. Чејс тврди дека „Откровението Јованово” ќе се случи со нападот на Владимир Путин врз Украина.

-Силни земјотреси, вулкански ерупции, цунами, епидемии и економски хаос…Се ова е предвидено во “Откровението Јованово”. А метеорот кој ја погоди Русија кога Путин се врати на функцијата претседател покажува дека тој е антихрист. Па поради тоа и нападот на Крим е можен а истиот може да доведе и до почеток на Третата Светска војна, тврди Т. Чејс.

Некои експерти тврдат дека и Нострадамус ја предвидел Третата Светска војна.

-Од Црното море и Тартарите ќе дојде крал кој ќе помине преку Аланија, Ерменија и Византија и ќе освојува со крвава прачка, напишал Нострадамус.

Многумина тврдат дека неговите стихови може да ги толкуваат денешните настани, особено поради тензиите на Крим.

Освен Нострадамус, Трета светска војна најавиле и јасновидецот Крем Митар и Милош Тарабиќ.

-Кога ќе избие оваа луда војна, тешко на оние војници кои ќе бидат на небо, а среќа за оние кои ќе војуваат на земја, изјавил тој, при тоа додавајќи дека Србија нема да учествува во таа војна.

Војната ќе биде помеѓу Русите и Италијанците, пишува во “Креманското пророштво”.

-Ќе има толкава омраза меѓу луѓето што машините ќе бидат поважни од пријателите. Ќе нема љубов, грижа, пријателство…додал Тарабиќ, пренесува Вечер.

- Реклама -