Во моделската линија на Alfa Romeo може да се појави уште еден спортски автомобил, тврдат неколку медиуми на интернет просторот. Машината за сега е концепт и го носи името Alfa Romeo 6C Cuore Sportivo Concept, а треба да се појави до крајот на оваа година.
Новиот модел ќе се потпира на 3.0 литарски V6 мотор, чија моќност ќе биде повеќе од 300 КЅ. За сега не се соопштуваат други детали за моделот, а се појавија и неколку фотографии на кој се истакнува препознатливиот дизајн на компанијата.
Alfa Romeo 6C Cuore Sportivo Concept, според информациите би требало да се појави до крајот на годинава, односно свое деби имала на салонот во Франкфурт. Тогаш пред публика ќе дебитира и новиот Spider кој ја дели платформата со следната генерација на Mazda MX-5, а исто така и долгоочекуваната со централно поставен мотор, Alfa Romeo 4C.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус