Спремна новата лимузина за Доналд Трамп

limo

Според последните податоци, во моментов специјалистите од General Motors го завршуваат проектот за новата претседателска лимузина. Оваа новата  ќе ја замени досегашната лимузина The Beast.

Спецификации за техничките податоци за возилото сосема разбирливо нема, но на интернет просторот ума интересни информации. Шпионските фотографии кои ја покажуваат новата лимузина на претседателот на САД за време на тестовите, веќе даваат појасна слика за возилото на Трамп. Неодамна протекоа првите фотки со многу, а сега некои портали понудија со малку помала камуфлажа. Поконкретно папараците ја имаа во својот објектив маскирна верзија на новиот прототип на Cadillac, наменет за американскиот претседател, непосредно пред нејзиното крајно оформување. Тестовите се одржуваат на полигон на General Motors во Мичиген.

Слично на досегашната претседателска лимузина и новата ќе биде изградена врз основа на голем пикап. Иновацијата ќе има помал клиренс, но со поголеми тркала. Надворешноста ќе биде слична со дизајнот на предводникот  на Cadillac, кој е означен со моделот индекс CT6. Елементи ќе бидат позајмени и од кросоверот XT5.

Возилото мора да биде готово до крајот на годината, бидејки плановите се тој да е достапен за време на инаугурацијата на новиот претседател на САД – настан кој ќе се одржи на 20 јануари 2017 година. Тогаш за прв пат во новата лимузина ќе седне Доналд Трамп. Сегашниот претседателски Cadillac, ги доби прекарот The Beast, а се користеше од 2009 година. Автомобилот што го превезуваше Барак Обама се смета за најдобро заштитениот во светот. Во него се користени сите расположливи технологии за безбедност, од кои многу се уште се врвна тајна. Покрај тоа, за време на патувањето претседателската лимузина се движи со придружба од над 20 автомобили и мотоцикли.

Од новата претседателска лимузина ќе бидат направени 10 примероци, од кои секоја е со цена од 1.6 милиони долари.

- Реклама -