Спуштена завесата на „Браќа Манаки“ – кој ги собра наградите?

Украинскиот кинематографер Валентин Васјанович е овогодинешниот добитник на  највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, наградата златна „Камера 300“.

Синоќа на гала-вечерта во Големата сала на Домот на културата во Битола, Васјанович беше награден за неговиот дебитантски филм како снимател и монтажер „Племето“.

Меѓународното стручно жири предводено од израелецот Ѓиора Бејач, едногласно ја донесе одликата при што беше соопштено дека филмот е совршен пример за поврзување на сценарио, режија, глума и монтажа и еден навистина нов пристап кон филмската камера.

Авторот преку видео-јавување се обрати на публиката велејќи: „ Драги колеги, жал ми е што не можам да сум со вас денес. Голема чест ми е што примам награда од Вашиот прекрасен фестивал. Интересно е што на почетокот јас бев само продуцент на наградениот филм, а не директор на фотографија. Во текот на многуте проби со режисерот и актерите почнавме да снимаме со непрофесионална камера и тоа му даде автентичен стил на филмот. Така го презедов местото директор на фотографија – како да е работно место во некоја локална семејна пицерија. Не можам да ви опишам колку сум среќен што добивам награда. Би сакал милион пати да се заблагодарам на фестивалот, жирито и јавноста. Денес сум најсреќниот човек на светот.“

Сребрена камера 300 за полско-данскиот Ида на Ричард Ленчевски и Лукаш Зал.
Објаснување од страна на жирито „ Прекрасните композиции и десатурираното око на камерата во овој филм нудат возвишена пратстава за ликовите, времето и местото, давајќи и на публиката неверојатно воздржан и чувствителен портрет на една млада жена која се обидува да го разоткрие сопствениот идентитет.

Ida (2013) Poster

Бронзената камера 300 отиде за британскиот ’71 на Ентони Тат Редклиф.
„Мајсторскиот еклектичен кинематографски пристап во овој филм создава автентична атмосфера на мноштво спротивставени тензии во конфликтниот период во Северна Ирска во раните 1970-ти.“, изјави жирито.

Редклиф утрината ја напушти Битола но пред да си замине даде изјава пред фестивалската камера со наградата во своите раце. „ Жал ми е што не сум присутен да ја примам наградата Бронзена камера 300 поради семејни обврски, бидејќи присуствувам на свадбата на мојата сестра во сабота и тоа е нешто што едноставно не можев да го пропуштам. Многу сум почестен што ми ја доделувате оваа награда. Навистина е привилегија да се добие оваа награда на ваков реномиран фестивал. Ви благодарам многу, поминав една незаборавна недела, сретнав прекрасни, многу инспиративни луѓе и заминувам од овде со убави спомени од мојот прв, но се надевам не последен престој на Браќа Манаки. Ви благодарам многу.“

Мала златна камера 300 за краткиот филм со наслов Динола на грузискиот кинематографер Константин-Миндија Есаџе.

„Овој дел од конкуренцијата предизвика многу дебати меѓу членовите на жирото, бидејќи кратките филмови имаат тешка задача да го побудат креативниот пламен кај младите филмаџии. По жестоката дебата, едногласниот и конечен заклучок на жирито беше дека Малата златна камера 300 за најдобар краток филм ќе ја добие кинематограферот на филмот „Динола“.

Веднаш потоа беше премиерно прикажан филмот Деца на сонцето, по што се поклони целосната екипа на филмот, и воедно е спуштена завесата на можеби најкомплетното, јубилејно издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

5e5e97fd9d31

fe7200009ed5 c3188469b93b aadb622f8bac a567d6b58628 428fe7d8980f 98ff9c6993af 84c64d8374e8 73dbee50fa25

 

 

- Реклама -