„Срамота со гипс пред Путин“ (ВИДЕО)

Како што пренесува загрепскиот „Index.hr“, во четвртокот загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ ја скршил ногата за време на обиколувањето на градежните работи низ градот. Меѓутоа, Бандиќ одбил да му стават гипс. Зошто? Зашто во неделата го чекала средба со Путин, а не сакал пред него да се појави со нога во гипс.

„Не можеш пред Путин со гипс“, изјави близок соработник на Бандиќ, потврдувајќи дека загрепскиот градоначалник ја скршил ногата и правдајќи го зошто дури денес е виден со гипс пред една загрепска болница.

А во неделата, рускиот претседател Путин го одликуваше Бандиќ со Орден за пријателство на церемонијата во Кремљ. Загрепскиот градоначалник, за да го прими орденот, мораше да се качи на бината, а поради скршената нога, тоа го направи накривнувајќи и во придружба од свој соработник. Зашто, ете, „не можеш со гипс пред Путин“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

- Реклама -