„Срамота ми е што сум дел од оваа држава“ – emocinalен говор на мајката на загинатата Надица во Собранието (Видео)

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова, со остар тон им се обрати на пратениците за време на Анкетната комисија во Собранието. Таа ги обвини за манипулации, незаинтересираност и децениски системски пропусти.

„Првично се обидовте да манипулирате со нас, родителите. Тоа беше срамно од ваша страна. Дури девет месеци никој од вас не се појави во Кочани за да ни ја пружи преку рака поддршката. Само писмената комуникација не е доволна… Ние поодохме да се сретнеме со некои од вас и остапивме во впечатокот дека не ни обрнувате внимание“, рече Наунова.

Таа нагласи дека нивната борба за вистинска правда не е само за нивните деца, туку и за сите млади. „Ние бараме вистинска правда, не само за нашите деца, туку и за вашите. Дали некогаш сте се запрашале дали е потребно да го смениме системот од корен? Да, потребно е. Ние, како обични граѓани, стоиме пред вас, не само како родители. 35 години сведочиме дека системот не функционира.“

Прочитајте и:  ДУИ: Дали седумте викенд куќи на Висар Ганиу и Недим Рама се наведени во нивните анкетни листови?

Во своето излагање, Наунова остро го критикуваше односот на институциите и предупреди на последиците од долготрајната неефикасност. „Ако не го промениме системот, нашите деца ќе се иселат, исто како што го правиме и ние. Срам ми е што сум дел од оваа држава. Дозволуваме да гледаме убиства секој ден, дозволуваме млади да гинат. Зошто? Не од нас! Ова е ваша одговорност!“, им порача таа на пратениците.