Србија го блокира влезот на мигранти на нејзина територија

Србија го ограничи влегувањето на мигранти на нејзина територија.

Според информациите на граничниот премин “Табановце” се пуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат валидни документи за лична идентификација.

Останатите се оставени да чекаат на границата. Претставници на Високиот комесаријат на ОН за бегалци пристигнале на граничниот премин.

Според нив српските власти дозволиле влез само на одредени националности.

Travellers believed to be migrants coming from Hungary enter a train to Germany at the railway station in Vienna, Austria, August 31, 2015. Austrian authorities toughened controls along the country's eastern borders on Monday, stopping hundreds of refugees and arresting five traffickers in a clampdown that followed last week's gruesome discovery of 71 dead migrants in a truck. REUTERS/Leonhard Foeger

Србија нема да биде жртва

„Србија нема да биде жртва, ако бидат затворени границите поради мигрантите“, изјави министерот от за внатрешни работи на земјата.

„Србија е безбедна земја и безбедносните служби работат на зголемување на својот капацитет, за да не се претвори земјата во жртва, ако дојде до затворање на границите за мигрантите“, вели министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, пишува српскиот весник “Политика”.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

„Секогаш треба да бидеме отворени. Србија е стабилна земја и оаза на мирот во регионот. Земјата нема да стане жртва, во случај да дојде до затворање на границите поради мигрантите “, вели Стефановиќ.

- Реклама -