Србија ќе грми – денеска започнува EXIT

Еден од најдобрите европски музички фестивали што се одржува на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија, денеска во 19 часот ќе ги отвори вратите за посетителите. 

За отворањето на 15. издание на фестивалот, организаторите најавуваат невиден аудио-визуелен спектакл, со легендарните Pet Shop Boys во главната улога, што го потпишува светската уметница Ес Девлин, позната по церемонијата за затворањето на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, но и по дизајнот на настапите и турнеите на најголемите сетски ѕвезди Кание Вест, Muse, Лејди Гага, Шакира, Мајли Сајрус и други.

Програмата на главната бина ќе почне во 20 часот, а ќе ја отвори новиот проект на Hornsman Coyote. Потоа посетителите ги очекува Energy opening by Balkanopolis, по што сцената ќе ја преземе белгискиот хит мејкер со над половина милијарди прегледи на YouTube каналот и автор на мега популарните хитови ‘Alors on Dance’, ‘Papaoutai’ i ‘Formidable’, Stromae.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

На mt:s Dance арената доаѓаат британското дуо DISCLOSURE кое е прогласено за најдобар електронски состав за 2013 година.

Од четврток влезниците за EXIT ќе бидат достапни само на влезовите на фестивалот и тоа по цени од 11.990 динари за EXIT, 16.980 динари за EXIT АВАНТУРА (EXIT+SEA DANCE), додека 3.300 динари ќе биде дневната цена за четврток, a 3.500 динари за сите останати денови на фестивалот.

Цената за тридневната влезница за SEA DANCE фестивалот изнесува 3.390 динари сé до 12. јули, по што влезниците ќе бидат достапни само во Црна Гора.

EXIT ќе трае од 10. до 13. јули во Нови Сад, а SEA DANCE фестивалот од 15. до 17. јули во Будва.

Извор: Макфакс

- Реклама -