Во Србија досега се вакцинирани 473.087 лица против коронавирусот и тоа ја прави втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители.
Само Велика Британија е пред Србија според бројот на вакцинации на милион жители, по што следат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија, Литванија и Португалија.
Во регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинирани. Следуваат Словенија, Романија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.