Србија во БРИКС? „ЕУ постојано условува и му ги витка рацете на Белград, во БРИКС никому не му се поставуваат услови“, вели Песков

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, во врска со можноста на влез на Србија во БРИКС, изјави дека Западот врши притисок врз Србија и да „и ги завртува рацете“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мораме да го разбереме притисокот со кој се соочуваат нашите српски пријатели. Убедени сме дека Србија ќе ги цени оние одлуки кои се во најдобар интерес на српскиот народ, рече Песков на новинарско прашање за можноста Србија да се приклучи на БРИКС пренесуваат српските медиуми.

Тој оцени дека ЕУ и поставува различни услови на Србија во однос на соработката и „и ја завртува раката“.

-На Србите навистина им ги завртуваат рацете и постојано го условуваат процесот на соработка со ЕУ. Секогаш поставуваат некои услови. Кога станува збор за БРИКС, никому не му се поставуваат услови, тоа е формат на интеракција заснован на меѓусебно почитување и подготвеност да се одговори на грижите и интересите на други. Овде никој не поставува услови од типот или/или, истакна Песков.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Српскиот вицепремиер Александар Вулин претходно изјави дека Србија размислува да се приклучи кон БРИКС како вистинска алтернатива за влез во ЕУ.

-Наша одлука е да бидеме воено неутрални и сами да носиме одлуки за тоа кои се нашите пријатели. Ова ги вклучува сите оние кои немаат воени претензии кон Србија и кои барем се обидуваат да ги почитуваат српските интереси, рече Вулин.

- Реклама -