Во пресрет на големиот празник, 2 Август-Илинден, вечерва срцето во натписот Гостивар крај Вардар се разубави со илинденски мотиви. Овој чин е еден вид најава за празнувањето на Денот на Републиката.
Сликата која ја симболизира слободата и светлината за Македонија е дело на академската сликарка Теодора Андоноска од гостиварско Галате.
Инаку, чествувањето на Илинден во Гостивар почнува утревечер со концерт во Летниот амфитеатар, а ќе продолжи на 2 Август со свечен собир и положување цвеќе.