Сребрен куршум против бактериите

Деновиве се докажало дека бактериите имаат слабост, а тоа е среброто. Скапоцениот метал се користел против бактериите со илјадници години. Првиот кој ги опишал антибактериските својства на среброто бил Хипокрит во 400 година пред нашата ера.

Но никој неможеше да ги објасни процесот и причините зошто се случува ова. Тимот на Џејмс Колинс, биомедицински инженер кој работи во Бостонскиот Универзитет во Масачусетс, деновиве го откри процесот како среброто им пречи на бактериите и докажа дека древниот третман може да помогне при борбата против нив.

Антибиотикот го нема истиот развој како пред неколку децении, додека бактериите постојано развиваат отпорност на нив. На почетокот кога го откривме антибиотикот свативме дека ќе треба да го држиме ритамот со бактериите, но набргу потоа согледавме дека тоа е невозможно-истакнал Колинс.

Неговиот тим открил дека среброто во форма на растворени јони ги напаѓа бактериите на два начина. Едниот е тоа што ја напаѓа клеточната мембрана и ја прави повеќе пропустлива, додека вториот начин е дека го пореметува метаболизмот на клетката, што предизвикува хиперпродукција на реактивни и често токсични кислородни соединенија.
online-accounts-manager-needed-start-immediately-ekiti-lagos-akure-abuja-pt-hct-ibadan_1

И двете методи биле испитувани подолго време на глувци и резултатите покажале огромен успех. Антибиотикот измешан со мали дози на сребро постигнувал од 10 па до 1.000 пати подобри резултати!

Сепак мора да се напомене дека среброто е токсично и за луѓето, па како што се истакнува ќе мора да се направат и испитувања за токсичноста на среброто, за да може дозирањето да биде балансирано.

Колинс истакнал дека резултатите од испитувањето ги воодушевило сите и се надева дека борбата против бактериите во иднина нема да преставува никаков проблем за човекот.

- Реклама -