Средба Мицкоски – Мелони: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во ЕУ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на маргините на НАТО остварил разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

– Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша на Фејсбук премиерот Мицкоски.

 

Прочитајте и:  ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
- Реклама -