Иако целиот нов албум го посвети на поранешната сопруга Пола Патон со надеж дека ќе се смират, Робин Тике веќе има нова девојка.
Пејачот наводно се забавува со деветнаесетгодишната Ејприл Лав Гуера која неодамна на Инстаграм објави „селфи“ од неговиот кревет.
Наводно, фотографијата ја направила токму во креветот кој до неодамна го делел со сопругата Пола.
37-годишниот пејач и младата манекенка заедно се веќе неколку месеци, а Ејприл споделила и фотографија од синот на Робин, чиј училишен натпревар го гледале заедно.
Сепак, фотографиите кои на било каков начин ја поврзувале со пејачот исчезнале од нејзиниот профил веднаш откако медиумите почнале да пишуваат за нивните односи.
„Пријатели сме. Не сакам да давам детали. Тој е прекрасен, само сме пријатели“, изјавила Ејприл.