Среќен роденден дедо Попај!

Попај денеска  полни точно 85 години. Овој лик  започнал со емитување на 17 јануари 1929 година, во стрипот „Thimble Theatre”, а го осмисли американскиот цртач Елзи Крислер Сегар. Попај набрзо станал толку популарен што стрипот почнал да го носи неговото име, на многу брзо  славниот стрип јунак доби и своја екранизација, па меѓу 1933 и 1957 година се направени околу 230 кратки епизоди, како и три долгометражни филмови за Попај.

До 1988 година бројот на цртани филмови за Попај порасна на дури 638. Филмската верзија попај ја доби во 1980 година, во режија на Роберт Алтман. Попај во таа прилика го оживеа Робин Вилијамс, а неговата драга Оливија ја глумеше Шили Дувал.

Интересен е податокот дека во САД,  со неговата популарност за 33% пораснала и популарноста на спанаќот.

- Реклама -