Туристка од Србија се удави на Лефкада

Српска туристка, на возраст од 66 години, утрово се удавила во грчкото одморалиште Нидри, на островот Лефкада, известува локалниот медиум „Синидиси“.

По извлекувањето од водите, таа била пренесена со итна помош во болница во Лефкада, но за жал, не успеала да се спаси.

Локалната полиција, во соработка со надлежните органи, започна истрага за утврдување на причините за трагичната несреќа и околностите што довеле до нејзината смрт.

Прочитајте и:  Германија и Франција ќе предложат нова иницијатива за проширување на Европската унија на самитот во Тиват.