Српски фризер исплете плетенка од 820 метри

Околу 500 плетенки, еден месец и голем број непреспиени ноќи му беа потребни на Никола Кулезиќ, за да го сруши светскиот рекорд и да исплете плетенка во должина од 820 метри. За два месеци и официјално ќе биде донесена одлуката за поставување на нов рекорд и запишување во Гинисовата книга.  Никола е фризерот од Шапца, кој  го сруши рекордот во надградена коса, во облик на плетенка, во присуство на комисија.

„ Веќе еден месец ја плетев навечер, во ноќните часови, по малку секој ден. Пред се сакав на младите  луѓе во Србија да им дадам некаква сатисфакција“, вели тој.

575860-2

 

 

 

- Реклама -