Српски политичар објави „бомба“ од разговорот на таткото на Вања со инспекторите, тврди дека тој е неправено осомничен и сатанизиран (ВИДЕО)

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е неправедно осомничен, уапсен и сатанизиран од МВР и од медиумите, бидејќи тој е всушност оној кој го открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка, односно тој им ги посочил на инспекторите доказите дека Палевски е можниот киднапер и убиец на Вања… Ова го тврди српскиот политичар Срѓан Ного, кој објави и аудио исечок од, наводно, разговорот на таткото на Вања со инспекторите.

Во тизер видеото, кое повеќе звучи како сензациона реклама за неговиот Јутјуб канал, Ного најави дека утре (сабота) на пладне ќе објави ексклузивни снимки од киднаперите пред и по киднапирањето, снимени разговори и, како што вели, други информации кои досега биле криени од јавноста. Тој вчера веќе објави фотографија од снимка од безбедносна камера од возилото со кое била киднапирана Вања додека стои на бензинска пумпа, без датум, а на која се гледа дека возачот е убиениот Панче Жежовски. Притоа, Ного со наводници ги ословува Палевски и помошниците кога вели дека Жежовски е снимен со неговите „киднапери“.

Прочитајте и:  Началник објаснуваше зошто таткото на Вања бил сомнителен

Ного денеска упати и директно прашање до МВР:

„Зошто инспекторите на МВР уште на 29 ноември се распрашувале дали Љупчо Палевски Палчо и Александар Ѓорчевски се познаваат и биле во контакт? На 29 ноември никој се уште не беше уапсен ниту беа пронајдени телата на Вања и Панче“, праша Ного на „X” (поранешен Твитер).

Ного важи за ектремен десничар, а е член на партијата „Двери“, и сосема нејасно е каква е неговата поврзаност и како е можно странски политичар да има „ексклузивни“ снимки кои би требало да се дел од истрагата на МВР.

 

- Реклама -