Овој апартман зафаќа површина од само 30 квадратни метри, но има потенцијал да собере 24 различни соби. Уникатноста со која што располага се постигнува благодарение на неговите монтажни елементи. Станот е дело на архитектот Гери Чанг и се наоѓа во Хонг Конг.
Малиот стан располага со серија од лизгачки ѕидови меѓу спалната соба, кујната, дневната соба и бањата.
Можете да изберете помеѓу 24 конфигурации на просторот само со влечење на ѕидовите. Се разбира, не можете да ги користите во исто време.