Возењето на мотоцикл кој бил оставен на дожд е непријатно а плаќање за гаража наменета за автомобил уште понепријатно. Затоа неколку јапонски архитекти го создале совршениот компромис – комплекс кој содржи компактна гаража за моторцикли во секој стан.
NE Apartments се наменети за моторџии и секоја гаража има врати кои се доволно широки и за најголемите мотоцикли. Долниот кат од секој стан има улога на гаража и перална а исто така и овозможува пристап до горните катови без потреба од излегување на отворено. Заоблениот централен двор е доволно голем за едноставно вртење на повеќето мотоцикли со што само се олсенува пристапот.
Дизајнот го нуди она што би го посакал секој моторџија – безбедно место за чување на мотоциклот и заедница која не се жали за гласни мотори. [Apartments designed for motorcycles are a biker’s paradise]