Интересно предјадење и совршен избор за мезе на домашните забави со пријателите.
Потребни состојки за 8 лица: 600гр. брашно, 250 г. маргарин, една кесичка прашок за пециво, 2 јајца, 150 г. сирење, 100 г. шунка, 1 црвена пиперка, 100 г. сусам, 1 шолја млеко, 1 лажичка сол, ѓумбир во прав
Подготовка: Во брашно ставете ги сол,от прашокот за пециво, сусамот, ѓумбирот и маргаринот. Измешајте, па додадете ги јајцата, сирењето, ситно исечканата пиперка, шунката и млекото. Замесете тесто и оставете го да стои 15 минути во фрижидер. Тестото поделете го на два дела, развлечете го секој и исечете тенки линии и свиткајте ги во форма на соленки. Печете додека не станат крцкави.
Добар апетит!