1. Едно народно верување гласи: Ако на шишето од “Фанта”, има капаче од “Кока-Кола”, значи дека во шишето има ракија!
2. И психотерапевтот може да помогне, но со ракија е поевтино.
3. Разликата меѓу човекот и животното е во 500 грама ракија.
4. СОС телефон за алкохоличари: Полека извади ја ракијата од замрзнувачот …
5. Ако сакаш некој човек, дај му слобода. Ако и тој те сака, на враќање ќе ти донесе ракија.
6. А сега да поработиме на нашата убавина – додека ти се шминкаш, јас ќе се светнам со ракија!
7. Народна мудрост: Ако не може да биде третирано со ракија, значи дека не е излечиво.
8. Злоупотреба на алкохолот е кога со ракија дезинфицираш рани или бришеш прозорци.
9. Во аптека: Имате ли апчиња за глава што се пијат со ракија?
10. Јас лично си ги инвестирам парите во ракија. Каде на друго место можеш да добиеш 40%?