Стари самурајски

Собравме неколку принципи на Самураите – јапонски воини на кои честа и совршенството им се пред сè, и за кои уметноста на војната коегзистира со убавината и поезијата.

f83dc70de823e825902c8876cc77aac4_L

1. Ако направиш грешка поправи ја. Ако го направиш тоа без одложување, грешката наскоро ќе биде заборавена.

2. Да прашуваш кога знаеш значи да постапиш учтиво. Да прашуваш, кога не знаеш, е апсолутно неопходно.

3. Животот е долго патување на патот кон себеспознавањето.

4. Ако не ги познаваш ниту непријателот, ниту пак себе, се наоѓаш во голема опасност.

5. Учи трудољубиво во текот на целиот живот. Секој ден станувај вешт во споредба со вчера, а утре – повешт во споредба со денес. Совршенството нема крај.

6. Стотици победи во стотици битки не е знак на големина. Голем е оној кој победува без да се бори.

7. Пред да го искажеш мислењето пред еден човек, размисли дали тој е во состојба да го прифати.

8. Кога се соочуваш со неуспеси и тешкотии, не е доволно само да не се грижиш. Треба храбро и со радост да се втурнеш напред.

9. Сериозноста на болестите и несреќите се одредува од нашиот однос кон нив.

10. Ако успееш да дознаеш едно нешто, пред тебе се откриваат други осум.

11. Еден збор е доволен за да ја демонстрираш својата сила или својата малодушност.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

12. Она што го нарекуваат великодушност, практично е сочувство.

13. Самураите треба да избегнуваат големото количество саке, прекумерна гордост и голем раскош.

14. Оној кој го фаќа мечот пијан, манифестира не само непромисленост, туку и малодушност.

15. Три се главните манифестации на човекот – неговиот изглед, стилот на пишување и манирите на зборување.

16. Непријателот ти ќе те презира, ако не изгледаш совршено.

17. Мери го секој свој збор и постојано прашувај се дали е вистина она што планираш да кажеш.

18. Обуката ги прави оние кои се природно попаметни – уште  попаметни, а глупавите – не толку безнадежни.

19. Биди и верен на мислата. Не дозволувај да се менува секој миг.

20. Да зборуваш многу за себе е не само бескорисно. Во најлош случај, тоа може да предизвика да се здобиеш со нови непријатели. Наместо тоа подобро остани си дома и размислувај на поезијата.

21. Проблемите доаѓаат кога потпирајќи се на иднината, луѓето стануваат мрзливи и допуштаат работите да им побегнат од рацете…Кога по долги размислувања ги одлагаат најважните работи, верувајќи дека можат да ги завршат утре.

22. Сигурно нема ништо друго освен вистинската цел на овој момент. Целиот човечки живот е серија на моменти.

- Реклама -