Старшип на „СпејсЕкс“ успешно полета во орбитата но изгоре над Индискиот Океан

Американската компанија SpaceX  денеска изврши испитно лансирање на ракетниот систем Starship – Super Heavy. Ова беше трето испитно лансирање на најголемата ракета во светот дизајнирана за повеќекратна употреба.

Таа успешно беше лансирана во вселената од испитниот космодром Starbase во Бока Чика, сојузна држава Тексас.

Целта на испитувањето на прототипот на ракетниот систем за освојување на длабоката вселена е по еден час летање во орбитата Starship да се приводни во Индиски Океан. Сепак оваа фаза заврши неуспешно откако се изгуби контакт со вселенскиот брод и тој најверојатно изгоре во атмосферата над Индиски Океан.

Следна етапа ќе бидат посложени испитувања со што ракетата ќе треба да се подготви за мисиите на НАСА за транспорт на американски астронаути на Месечината.

Прочитајте и:  Илон Маск: Иднината ќе биде фантастична

Во поширока смисла, проектот Starship е инструмент за реализација на формативната мисија на компанијата SpaceX –  испраќање човек на планетата Марс.

Последното испитн лансирање беше направено во ноември кога ракетата експлодираше по две минути летање.

- Реклама -