Стеауа ќе биде суспендирана, Вардар во третото коло?

Медиумите во Романија пишуваат дека Стеауа ќе добие две годишна суспензија од европските натпреварувања, а тоа може да значи дека Вардар ќе се пласира во третото квалификационо коло од Лигата на Шампионите.

Официјалната информација треба да биде соопштена денеска, но романските медиуми пишуваат дека одлуката е веќе донесена и таа значи две годишна суспензија за Стеауа.

УЕФА поведе истрага против Стеауа поради кршење на критериумите за добивање на лиценца и правилата на финансиски фер плеј.

Стеауа го откажа денешниот тренинг, а на фудбалерите им е забрането да даваат било какви изјави за медиумите.

Но, на одлуката на УЕФА, Стеауа ќе поднесе жалба до спортскиот суд во Лозана која се очекува да биде одбиена, евентуално казната да биде преполовена на една година суспензија.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Како и да е, денеска официјално ќе се знае судбината на Стеауа, а со тоа и евентуалните поволни вести за македонскиот шампион, Вардар.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -