Стејт департмент: Дали ќе има избори во Украина треба да одлучат самите Украинци

Ставот на САД е дека одлуката за одржување избори во Украина, која се бори против Русија во неиспровоцирана војна, треба да ја донесат нејзините граѓани, јави Укринформ, повикувајќи се на портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

-На крајот на краиштата, тоа се работи за кои треба да одлучуваат Украинците, забележа Милер и додаде дека „САД би сакале да се одржат избори во Украина на сите нивоа како што налага законот“.

„Но, ние признаваме дека тоа е тешко да се направи во време на војна. Ова не е прашање што е единствено за Украина. Ова е прашање што се однесува на секоја земја во војна“, нагласи Милер.

Во тој поглед, тој ги нагласи тешкотиите на војниците на фронтот да гласаат, како и на луѓето на привремено окупираните територии.

Прочитајте и:  Сибиха: Русија може да се натера на мир само со сила

-Затоа тоа е тешко прашање. И на крајот, тоа е одлука што украинскиот народ треба сам да ја донесе, додаде претставникот на Стејт департментот.

Последните претседателски и парламентарни избори во Украина се одржаа во 2019 година.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, рече дека мотивите на Путин за преземање на Украина не се сменети.

-Тој сака да ја освои Украина и да го потчини украинскиот народ, истакна Милер.

Според него, рускиот претседател во последните 10 дена потврдил дека „нема интерес за преговори со Украина, бидејќи го гледа недостигот на муниција со кој Украинците се соочуваат“.

- Реклама -