Стејт департмент на САД: „Во случајот со Русија, фаќањето на руските воени злосторници ќе биде предизвик“

Руската воена агресија изврши ужасно погазување на меѓународните норми, но задржувањето на обвинетите за воените злосторства претставува предизвик, изјави Бет ван Шак – специјален претставник на Стејт департментот на САД за воени злосторства.

„Сигурно дека задржувањето на обвинетите ќе биде вистински предизвик“, изјави таа на брифингот синоќа.

Според неа, работата за идентификација и повикување на одговорност за овие „страшни злосторства“ ќе се одвива низ три правци – во судовите во Украина, во Меѓународниот суд за злосторства и во судовите на трети земји „кои би можеле да издејствуваат надлежност екстериторијално“.

На прашање од новинар дали обвинетите можат да бидат задржани, таа одговори дека тоа е возможно, при што го посочи примерот со Милошевиќ.

„Како што видовме во претходните конфликти, извршителите на воени злосторства неизбежно патуваат. Посебно по долго време – сакаат да посетат роднини или имаат други причини да заминат. Го видовме ова во контекст ма Сирија… Или со индивидуалци како Слободан Милошевиќ или Аугусто Пиноче, мислам дека тие никогаш не помислиле дека ќе се најдат во судница… но тоа се случи“, рече ван Шак.

Прочитајте и:  Економисти: Доаѓањето на Трамп на власт негативно ќе влијае врз економиите на Европа и Германија

Прашана дали рускиот претседател Владимир Путин може биде повикан на одговорност за овие злосторства, таа одговори дека обвинувањата можат да одат до највисоките алки од ланецот на команда.

„Секако, ова ќе биде многу потешко доколку руските извршители останат во Русија и нема политичка промена во земјата… во спротивно пресудна е улогата на Интерпол со црвените забелешки и издавањето на налози за апсење“, рече таа.

- Реклама -