Стејт Департментот одобри С. Македонија да купи 54 оклопни возила „STRYKER“ и друга воена опрема, во вредност од 210 милиони евра

Стејт Департментот одобри продажба, односно набавка на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија, како и друга опрема, за која државава ќе плати близу 210 милиони долари, потврди Министерството за одбрана на РСМ, откако информацијата ја соопшти Американската агенција за воена соработка (DSCA), а ја пренесоа американски, а потоа и медиуми во земјава и регионов.

Од македонското Министерство за одбрана велат дека набавката е поради потребите поврзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на НАТО. Набавката на STRYKER-ите, но и друга воена опрема во вкупна вредност од околу 210 милиони долари, е продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект (2019-2024) за набавка на Лесни оклопни возила (ЛОВ) како главен проект во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС) за модернизација и опремување на Армијата.

Од МО додаваат дека проектот се реализира, по одлука на Владата, како повеќегодишен проект во соработка со владата на САД, преку програмата Foreign military sales (FMS), при што се користат и американските фондови ERIP, CRIFF и програмата 333, со штоВладата на САД ќе учествува со околу 20-25% од вкупната сума.

Проектот се реализира како договор „Влада со Влада“ и вклучува набавка од две реномирани компании на воената индустрија на САД, и тоа „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на платформата JLTV од компанијата „Oshkosh Defense” и до сега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија, велат од Министерството.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Тие додаваат дека со објавувањето на одлуката, склучувањето на договорот влегува во финална фаза. Во првата фаза, согласно ДПРОС и буџетските средства, планирана е набавка на околу 20 возила од овој тип, чија испорака ќе започне од 2022 година.

 

Како што се наведува во соопштението на DSCA, Владата на РСМ побарала набавката да вклучува пешадиски транспортери M1126 (Infantry Carrier Vehicles -ICV), командни возила М1130 (Command Vehicles – CV), возила со носачи за минофрлачи М1129 (Mortar Carrier Vehicles – MCV), но и машински митралези M2A1, лансери за димни гранати M6 со резервни делови, радија Harris, но и друга опрема (Common Remote Operated Weapons Station – CROWS; Defense Advanced GPS Receiver; AN/VAS-5 Driver’s Vision Enhancer; резервни делови, специјални алати и опрема за тестирање, прирачници за употреба и сервис, итн.).

„Оваа продажба ќе ја помогне надворешната политика и националната безбедност на САД преку унапредување на безбедноста на НАТО членка која е важна сила за политичка и економска стабилност во Европа.

Предложената продажба ќе ја подобри спосбноста на Северна Македонија за пресретнување на актуелните и идни закани, преку зголемување на оперативната способност, расположивите сили, и ќе ја промовира воената соработка. Предложената продажба нема да го промени основниот воен баланс во регионот“, се вели, меѓу другото, во соопштението на DSCA.

- Реклама -