Стимулирање преку бои

Повеќе... За природно да го стимулирате вашиот мозок, прескокнете ги пилулите и пробајте со боите. Психолозите на Универзитетот во Британска Колумбија направија истражување за ефектите на боите врз мисловните процеси. Тие открија дека црвеното им помага на субјектите да се концентрираат, додека синото ја поттикнува креативноста.


redblue1.jpgЗа природно да го стимулирате вашиот мозок, прескокнете ги пилулите и
пробајте со боите. Психолозите на Универзитетот во Британска Колумбија
направија истражување за ефектите на боите врз мисловните процеси. Тие
открија дека црвеното им помага на субјектите да се концентрираат,
додека синото ја поттикнува креативноста.

Според нив боите ги поттикнуваат и подобруваат перформансите. Претходните истражувања открија дека црвената боја го зголемува апетитот за храна, но и за секс. Овие последни студии покажаа дека црвената боја ја подобрува концентрацијата: „Помислете на црвено и она што ви паѓа на ум се: црвено светло на семафор, знакот стоп, опасност, амбулантни коли. Луѓето сакаат да ги избегнат овие работи, па затоа тогаш се поконцентрирани и поспособни за извршување задачи со поголема прецизност“ – според еден од ко-авторите на студијата Juliet Zhu.

Сината, пак, како боја на небото, океанот, сигурноста, делува сигурно и потикнува на истражување и креативност. Црвената се покажала и како добар стимул на тестовите за меморија. Затоа овие научници сугерираат луѓето кои се вклучени во некоја креативна работа да се опкружат со сина боја, а со црвена кога е потребно да се фокусираат врз нешто. [Seeing Red: Tweak Your Brain With Colors]

- Реклама -