Стивен Хокинг: Човековата историја е историја на глупоста

shutterstock_381199540[1]
„Јас верувам дека нема длабока разлика меѓу она што може да се постигне преку биолошки мозок и она што може да се постигне преку компјутер. Од што следува, дека компјутерите, во теорија, можат да го емулираат човечкиот интелект и соодветно – да го надминат.“

За време на неодамнешното предавање на Кембриџ, Стивен Хокинг отворено и храбро изјави дека создавањето на вештачка интелигенција ќе биде или најдоброто, или најлошото нешто што ќе му се случи на човештвото.

„Поминуваме многу време во проучување на историјата, која, ајде да бидеме искрени, е историја на глупоста“, рече Хокинг на отворањето на Леверхулм центарот за иднина на интелигенцијата (Leverhulme Centre for the Future of Intelligence – CSER).

„Но, и покрај сето ова време поминато во гледање на минатите грешки, ние изгледа ги правиме одново и одново“.

Во иднина вештачката интелигенција може да развие своја сопствена волја, која може да е во конфликт со желбите на човештвото, истакнува Хокинг.

„Затоа е навистина добра идеја, за промена, човештвото да се занимава со иднината на интелигенцијата, а не само со минатото на глупоста“.

- Реклама -