„Очите на змејот“ на Стивен Кинг ќе биде претворена во филм

Многу од романите на Стивен Кинг биле претворени во многу филмови, но еден значаен исклучок, сè до денес, е „Очите на змејот“. Романот од 1987 година е обид на Кинг за пишување на фантазија и сега SyFy се одлучува да прави филм или минисерија.


Бестселерот станува проект на Syfy заедно со драма серија базирана на стрипот „Сива Легија“ и два други филмски проекти. Телевизијата се подготвува за официјално најавување на проектите на презентација во Њујорк. Мајкл Тејлор (Battlestar Galactica) и Џеф Винтар (I, Robot) ќе го напишат сценариото за филмот базиран на „Очите на змејот“ и Тејлор и Бил Хабер ќе бидат извршни продуценти.

Овој роман е реткост меѓу раните дела на Кинг: единствен роман кој не бил адаптиран во филмско сценарио. Всушност, од сите книги на Кинг од пред 1990 година кои биле објавени под неговото име само фантазиите („Очите на змејот“, „Талисманот“ и серијата „Мрачна кула“) сè уште не биле адаптирани иако сите поминале низ некој вид на развој. Но сега, со оглед на успехот кој HBO го има со фантастичниот хит Game of Thrones, ова е едлично време за „Очите на змејот“.

Дејството во „Очите на змејот“ е сместено во фантастичната земја Делејн и следи принц тинејџер кој е лажно обвинет за убиството на неговиот татко, кралот. Затворен во висока кула принцот мора да најде начин да избега, да ја докаже својата невиност и да се соочи со злобниот моќен волшебник кој е одговорен за смртта на неговиот татко. Иако „Очите на змејот“ била оригинално наменета за помлади читачи од останатите книги на Кинг, приказната е полна и со мрачни елементи. Приказната дели делови од нејзината митологија со серијата „Мрачна кула“, како на пример негативецот (Флаг). [Stephen King’s ‘Eyes of the dragon’ in development at SyFy]

- Реклама -