Што кажуваат вашите нокти за вашето здравје

Еве интересни факти за Вашите нокти што ќе откријат нешто за Вашиот животен стил и здравје. Прочитајте и погледнете си ги рацете. Пријатна забава.

Вашите прсти откриваат анемија

Вашите прсти имаат можност да ви покажат кога сте анемични. Доколку имаат сува кожа, ноктите се расцветани, лесно кршливи, суви и без сјај, направете крвна слика.

Што се всушност малите бели флеки на ноктите?

Има многу теории за тоа што се малите бели флеки на ноктите. Според некои експерти тоа претставува недостаток на цинк во организмот.

Нокти во облик на лажица

Ноктите кои се заоблени во облик на лажица според американските истражувања укажуваат на недостаток на витамини, особено витамини од групата Б.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Ноктите откриваат проблеми со дишењето

Заоблените и раширени нокти укажуваат на проблеми со дишењето. Според експертите, кога во организамот не се носи доволно кислород ноктите се шират и заоблуваат.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -