Што не смеете да му кажете на партнерот за време на секс

Иако многу мажи се возбудуваат кога девојките им зборуваат за време на сексот, сепак, постојат некои работи кои доколку им бидат кажани, дефинитивно ќе постигнат само контра-ефект. Ова се трите реченици кои мажите не сакаат да ги слушнат:

1. Можеш за побрзаш? Кога ќе завршиш?

Оваа реченица е буквално ладен туш. Со оглед на тоа што партнерот сигурно се надева дека и вие уживате еднакво колку и тој, ова е големо разочарување. Доколку веќе се изморивте од акцијата, подобро на секси начин кажете му дека сакате да го видите како се наоѓа на врвот од возбудата.

2. Мислам дека детето плаче, можеш да провериш?

Ова секако го пресекува задоволството, но за да ги ублажите работите, ветете му дека после проверката ќе следува незаборавно оддолжување.

3. Повторно ништо, а баш бев блиску!

Ах, колку само го повредува ова. Го удирате каде што најмногу го боли и му ја нарушувате самодовербата. Наместо да го разочарате, кажете му во кој дел сте се почувствувале највозбудено. Ова би можело да ви послужи и како плус уживање во иднина.

- Реклама -