Што треба да се јаде на плажа

Храната која ја јадеме на плажа треба да биде хранлива, малку зачинета, лесно сварлива и освежувачка.

Овошна салата
Ова е најдоброто нешто што можете да го јадете на плажа. Богата со сите потребни витамини, лесно сварлива и секогаш освежувачка, овошната салата мора да ви биде на менито додека сте на одмор. Дали вие сами ќе си ја припремите или само ќе ја нарачате, нема во никој случај да згрешите. Исто така свежо исцедениот сок од лимон или помаранџа, е она што треба да го пиете.
images (1)

Салата од зеленчук
Исто како и овошната салата, ваквата салата нема да ви го оптовари организмот, а ќе ви даде чуство на заситеност. Ситно исецкан зеленчук, искомбиниран по ваш вкус, е совршеното нешто за на плажа. Доколку додадете маслинки, коцки димен тофу или некој вид на варени тестенини, оваа слободно може да ви замени и главен оброк.
images (2)

Јаткасто овошје
Секогаш е добра идеја да земете со вас некој вид на јатксто овошје за на плажа. Започнувајќи од ореви, фстаци, лешници па се до семки и сончонглед, сите овие се богати со природни и хранливи материи. Доколку ги искомбинирате со исушено овошје, нема во никој случај да згрешите.
04.11jatki1 - Copy

- Реклама -