Стол кој ви помага да останете здрави

СтолСите оние кои работат пред компјутер по цел ден знаат какви проблеми можат да настанат поради неправилно седење. Но кога долго време седиме во една положба, и мислиме на нешто друго, најчесто забораваме да го исправиме грбот. Затоа Posture Feedback Chair ќе нѐ потсети.

столСите оние кои работат пред компјутер по цел ден знаат какви проблеми можат да настанат поради неправилно седење. Но кога долго време седиме во една положба, и мислиме на нешто друго, најчесто забораваме да го исправиме грбот. Затоа Posture Feedback Chair ќе нѐ потсети.

Џон Морел, професор по механичко инженерство на Јејл и еден од неговите студенти, Жан Женг заедно го создале овој стол, кој ја забележува вашата положба, и доколку таа не е идеална, ќе ве потсети преку вибрации. Морел кој исто така придонел во создавањето на Segway вели дека намерата е столот да биде нежен учител кој нема да ви пречи во секојдневните обврски.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Ова е добра идеја чија цел е со тек на време корисникот да ја најде идеалната положба, а секој пат кога ќе го искривите грбот, ќе добиете потсетување. Џон Морел исто така работи и на сличен систем за возачките седишта во автомобилите кои би го предупредиле возачот за присуство на друго возило во неговата слепа точка. [The Vibro-Tactile Posture Feedback Chair – A Real Back Zapper]

- Реклама -