Столе Димитриевски останува во Валенсија


Македонскиот голман Столе Димитриевски  кој оваа сезона во Валенсија пристигна од Рајо Ваљекано договори со клубот можност да си замине ова лето доколку некој достави понуда од три милиони евра, а во клубот уште е Грузиецот Мамардашвили. Сепак, според Радио Марка Валенсија, периодот на важност на овој договор истекол пред неколку дена.

Така, Димитриевски нема намера да ја напушти Валенсија, дури и ако во клубот остане Мамардашвили.

Прво, затоа што знае дека ако продолжи Грузиецот, тоа би било уште само една сезона. Мамардашвили има фиксен договор до 2026 година, но со опција за продолжување на уште две години.

- Реклама -