Столтенберг: НАТО ќе ѝ помогне на Украина да развие систем за набавка на потребното оружје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека Алијансата се согласила „да ѝ помогне на Украина да развие систем за набавки што ќе биде ефикасен, транспарентен и одговорен“, пренесе ДПА.

Во седиштето на НАТО во Брисел, првиот човек на Алијансата рече дека „НАТО треба да одржи состанок со експерти за набавки од Европската унија и Украина за да се увери дека Киев го има потребното оружје“.

„Мораме да ѝ го дадеме на Украина тоа што ѝ треба за да победи, пред Русија да го искористи моментумот“, рече Столтенберг.

Тој денеска зборуваше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и шефот за надворешни работи на ЕУ – Жосеп Борел, пренесе ДПА.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Додека Русија почнува со нови напади, НАТО е сè повеќе загрижен дека Кина можеби планира да обезбеди смртоносна поддршка за руската војна“, рече Столтенберг, додавајќи дека Москва подава рака и кон Северна Кореја и Иран.

МИА

- Реклама -