Столтенберг: НАТО треба да биде подготвен за „лоши вести“ од Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека западната воена алијанса треба да биде подготвена за лоши вести од украинскиот фронт, без да прецизира детали.

„Војните се одвиваат во фази. Мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња. Треба да бидеме подготвени и за лоши вести“, изјави Столтенберг во интервју за германската телевизија АРД, пренесува Политико.

Столтенберг ги повика владите на земјите сојузници „да гледаат подалеку од нивните национални интереси и да ја видат големата слика“ и „да го зголемат производството на муниција за Украина“, изразувајќи жалење поради состојбата на европската одбранбена индустрија.

„Не сме во можност да соработуваме толку тесно како што треба. Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната. Победата на Путин не само што би била трагедија за Украина, туку би претставувала и опасност за останатите сојузници3, рече Столтенберг.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Неговите коментари доаѓаат додека западните сојузници дебатираат за доставување муниција и финансиска помош за Украина, и додека Москва го зголемува бројот на своите војници.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000, на вкупно 1.3 милиони.

МИА

- Реклама -