Столтенберг: Нема индикации дека инцидентот во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО

Нема индикации дека синоќешниот инцидент во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО, изјави генералниот секретар на Јенс Столтенберг на прес-конференција по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.

„Истрагата за случајот продолжува и треба да ги почекаме резултатите. Прелиминарната проценка покажува дека инцидентот најверојатно се должи дека на тоа дека украинската воздушна одбрана дејствувала против руските ракетни напади“, рече Столтенберг.

„Украина не е виновна, Русија сноси целосна одговорност за продолжувањето на војната“, додаде генералниот секретар.

Тој истакна дека синоќешниот инцидент се случил на денот на масовните руски воздушни напади врз Украина.

„Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна“, рече Столтенберг.

Тој информира дека разговарал со претседателите на САД и на Полска, Џо Бајден и Анджеј Дуда, и констатирале дека е неопходно да се остане смирен.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни

„Секогаш сме подготвени да го направиме она што е неопходно за да го заштитиме секој сојузник“, додаде Столтенберг.

МИА

- Реклама -