Столтенберг очекува договор со НАТО за помош на Украина според стандардите на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува на претстојниот состанок во Вилнус сојузниците да се договорат за повеќегодишна програма за помош на Украина според постигнувањата на стандардите на Алијансата.

„Очекувам дека ќе се договориме за повеќегодишна програма во која ќе работиме за да и помогнеме на Украина во транзицијата од стандардите, доктрините и опремата од советската ера“ кон тие на НАТО, и дека таа земја да стане целосно интероперабилна со Алијансата , рече Столтенберг во обраќањето преку видео врска на Копенхашкиот демократски самит.

„Со тоа ќе и помогнеме на Украина за членство во НАТО“, додаде Норвежанецот. Сојузниците на НАТО ќе се соберат на 11 и 12 јуни на самит во Вилнус.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Украина се стреми кон членство во НАТО со набавка на напредно оружје од западните сојузници за да се бори против руската инвазија.

Столтенберг, исто така, рече дека планира да се повлече од функцијата генерален секретар на НАТО кога ќе му заврши мандатот во октомври.

„Јасно кажав дека немам други планови освен да заминам оваа есен. Ќе бидам речиси двојно подолго од првично планираното. И тоа е се што имам да кажам за тоа. Целосно сум фокусиран на таа задача до крајот на мојот мандат во октомври“.

МИА

- Реклама -