Столтенберг: Путин се подготвува за нови офанзиви, испратете повеќе оружје за Украина

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, повика да се испрати повеќе муниција и оружје во Украина, бидејќи Русија го зголемува притисокот непосредно пред првата годишнина откако ја почна инвазијата.

„Не гледаме знаци дека претседателот (Владимир) Путин се подготвува за мир“, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел, во седиштето на НАТО.

„Она што го гледаме е спротивното. Тој се подготвува за нова војна, за нови офанзиви и нови напади“, додаде Столтенберг при пристигнувањето на состанокот, чиј домаќин е САД, а наменет за координирање на испораката на оружје за Украина.

Столтенберг ги повика членките и партнерите на НАТО да испорачаат повеќе муниција и брзо да го испорачаат веќе ветеното оружје. Тој додаде дека снабдувањето на Украина со борбени авиони не е најитното прашање, но призна дека поддршката за Украина еволуирала во текот на изминатите месеци.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО подоцна денеска ќе разговараат дали да се зголеми производството на муниција за да се задоволат потребите на Украина и да се надополнат домашните резерви, рече Столтенберг.

МИА

- Реклама -